Почетна » Новости » Промо » Бимилк ги изненадува своите верни потрошувачи – Омилените млечни производи во поголемо пакување, а по иста цена!

Бимилк ги изненадува своите верни потрошувачи – Омилените млечни производи во поголемо пакување, а по иста цена!

Додека се соочуваме со предизвиците на зголемената инфлација, која предизвика раст на цените во сите индустрии, па и во млечната, Бимилк деновиве излегува на пазарот со гратис количина на омилените млечни производи, сега достапни во поголеми пакувања, а по истите цени како постоечките производи:

  • Битолски јогурт 1450г + 250г;
  • Битолски густ јогурт 1450г + 250г;
  • Баланс+ 1450г + 250г;
  • Битолско кисело млеко 400г + 80г.
Бимилк

„Сметаме дека нашите производи се неприкосновен дел од секојдневната здрава исхрана, а Бимилк како компанија која создава производи со врвен квалитет - докажан повеќе од 70 години, секогаш е посветена да ги задоволи потребите на нашите потрошувачи. Секој денар е важен, а ова се времиња кога тоа особено значи. Токму затоа оваа кампања има за цел да ја покаже нашата благодарност кон верните потрошувачи и нивната лојалност. Активно ги следиме нивните потреби и оваа кампања е одговор на тоа“ - истакнува Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер на Бимилк.

Оваа понуда може да се искористи со посета на најблиската продавница во која ќе го најдете омилениот вкус на јогурт и кисело млеко. Истата ќе трае еден месец, до потрошување на количините во маркетите.

Бимилк е општествено одговорна компанија која е посветена на обезбедување најквалитетни млечни производи секогаш достапни за своите потрошувачи, а оваа кампања е еден од начините да се покаже таа посветеност, особено сега кога овие промени на цени влијаат врз куповната моќ.

Промотивен текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19693 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.