Почетна » Новости » Промо » dm и Матрона со поддршка и едукација за новите мајки: Започнува ,,Караван на мајчинство“

dm и Матрона со поддршка и едукација за новите мајки: Започнува ,,Караван на мајчинство“

Со почетокот на месец август, започнува и Караванот на мајчинство кој е во организација на dm дрогерие маркт и Матрона - Здружение на граѓани за промоција и поддршка на здравјето и ќе опфати бројни обуки на тема: Правилна нега и исхрана на трудници и новороденчиња!

Раѓањето на детето е едно од најубавите искуства и во исто време еден од најголемите животни предизвици: со првите искуства на родителството доаѓа чувството на преоптоварување, но дури и оние кои припаѓаат на групата искусни родители често се соочуваат со нови задачи и испити во животната школа за родителство. Токму затоа потребна ви е сигурна поддршка, а тука мислиме на доволни информации за грижа на мајките и најмалите од самиот почеток! Токму ова ќе ви го овозможи ,,Караван на мајчинство’’ кој го организираат dm и Матрона.

dm Караван на мајчинството

,,Освен што купувачите нѐ препознаваат како сојузник во исполнување на сите нивни потреби благодарение на нашиот богат асортиман, нашата неминовна цел во секојдневното работење е да изградиме емотивна врска со нашите купувачи, кои воедно се и нови мајки. Па така, овој проект дојде како природен тек на настаните. Караванот на мајчинство ќе ни биде посебно драг бидејќи ќе нѐ поврзе со идните и нови мајки на кои им е потребна поддршка, помош и едукација“. – Изјавува Кристина Дуранска, маркетинг менаџер во dm.

Започнувајќи од август, секој нареден месец во годината која следува ќе биде исполнет со бројни обуки на тема: Правилна нега и исхрана на трудници и новороденчиња!Низ овие обукиќе ве водат стручни лица кои со својата компетентност, знаење и искуство ќе споделат корисни информации на темата и ќе ви помогнат заедно да го изодите патот кој честопати знае да создаде стрес од непознатото.

Првата обука ќе се одржи на 14 август од 11 до 13 часот, онлајн на платформата ZOOM со Прим. д-р Марина Поп Лазарова и д-р Александар Митов. Обуката е комплетно бесплатна, а за да бидете дел од неа, потребно е само да се пријавите со испраќање на пријава на e-mail адресата: info@matrona.org.mk. И уште една убава вест: Зa сите кои ќе присуствуваат на онлајн обуката dm подготви и ВАУЧЕР СО -15% ПОПУСТ за купување на вашите омилени babylove производи.

Обуките кои ќе следуваат во наредните месеци, ќе бидат одржувани онлајн и во живо, со физичко присуство низ различни градови во нашата земја.

За потсетување, изминатиот период dm го одбележа со голем број на активности посветени за родителите и нивните најмалечки. По повод Светската недела на доењето, го поддржаа Школото за трудници и доење Бебелогија во одржувањето на низа активности под мотото „Премостување граници – Поддршка во доењето за сите!“.

Исто така, до 31 август, односно до истек на залихите, во секоја dm дрогерија со купување на омилените производи од dm марката babylove во вредност од 499 денари ќе добиете подарок babylove практична и слатка трајна торба.

Побрзајте да го обезбедите вашето присуство на онлајн обуката, бидејќи бројот на пријави е ограничен. Бидете во тек со сите идни активности на dm, така што ќе ги следите нивните социјални мрежи!

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20779 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.