Претставништвото на водечката светска компанија за искуство со клиенти (CX), решенија и технологии на Балканот, Concentrix Balkans, го прослави светскиот ден на книгата со донирање на книги на локалните библиотеки во регионот. На десет локации, во четири земји, вработените се здружија и собраа книги за да придонесат за подигнување на свеста за важноста на културата на читање книги.
Оливер Дерлер, управен директор на Concentrix Balkans, истакнува дека напредокот на поединецот зависи од тоа колку споделува со луѓето околу него и дека е особено горд што неговите колеги го препознале овој факт.
„Повеќе од 2000 вработени на Concentrix Balkans ја разбраа важноста на оваа иницијатива и сум многу горд на моите колеги, т.е. борците за промени, како што ги нарекуваме во компанијата. Тие покажаа дека напредокот не значи само да се биде добар во бизнисот но и да се препознаат потребите на заедницата на којашто припаѓате“, забележува Дерлер и додава: „Во секоја земја каде што работиме, се трудиме да бидеме активни членови на заедницата и со задоволство организираме најразновидни можни активности. Свесни сме дека ова е симболичен придонес, но исто така е само еден од начините на којшто сакаме да придонесеме за општеството“.
Сајтот во Северна Македонија донираше книги во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од каде што истакнуваaт дека во денешно време е неопходно да се поттикне читањето и да се укаже на важноста на библиотеките како чувари на знаењето: „Сакам да се заблагодарам на Concentrix Северна Македонија и нивните вработени за учеството во донацијата на книги за нашата институција, која ја збогати нашата библиотека со наслови од различни области и професии. Со донацијата на книги, компанијата Concentrix Северна Македонија и нејзините вработени покажаа како компаниите преку социјално корисна работа, можат да влијаат на подобрувањето на локалните заедници и општества во целина“.
Лилјана Секуловска, директорка на Концентрикс во Северна Македонија, го истакна длабокото влијание на читањето врз поединци од сите возрасти. И покрај развојот на технологии и дигитализација, книгата сеуште не излегува од мода и претставува голем двигател на имагинација и креативност, развој на вокабулар како на мајчиниот така и на странските јазици. „Ако дури и еден човек стане доживотен член на библиотеката и развие љубов кон читањето, ние веруваме дека нашата мисија е постигната.“ рече таа.
Concentrix е водечка светска компанија за искуство со клиенти (CX), решенија и технологии. Работи во повеќе од 70 земји, на шест континенти, на повеќе од 500 локации и преку 440.000 game-changers развиваат искуства кои ги дефинираат светските брендови секој ден. Тие создаваат решенија за најголемите брендови во светот во сите клучни индустрии, вклучувајќи технологија, потрошувачка електроника, малопродажба, патувања, е-трговија, банкарство, финансиски услуги, осигурување, здравство, комуникации и медиуми, автомобилизам, енергетски и јавен сектор. Во балканските земји, тие се фокусирани на обезбедување поддршка на корисници на германски јазик.
Најдете повеќе информации за Concentrix Северна Македонија на: https://webhelp.mk/
ЗА CONCENTRIX:
Здраво, ние сме водечки глобален снабдувач на решенија и технологии за искуство со корисници (CX). Ние создаваме кориснички патувања кои прават значајни промени за некои од најдобрите светски брендови и оние што го менуваат светот каков што го знаеме. Секој ден, ние дизајнираме, градиме и спроведуваме корисничко искуство што им помага на брендовите да растат низ светот и во иднината. Без разлика дали се работи за специфично решение или целото патување од почеток до крај - ние го покриваме. Ние сме стратешки мислители кои дизајнираат искуства што го дефинираат брендот. Технолошки ентузијасти кои градат попаметни решенија. И оперативни експерти кои сето тоа го водат и прават да функционира беспрекорно. Во повеќе од 70 земји и шест континенти, нудиме услуги во клучни индустрии, вклучувајќи технологија и потрошувачка електроника; малопродажба, патувања и е-трговија; банкарство, финансиски услуги и осигурување; здравство; комуникации и медиуми; автомобилска индустрија; и енергетски и јавен сектор. Concentrix Corporation (NASDAQ: CNXC) работи под трговското име Concentrix + Webhelp - Локација: практично насекаде – посетете ја concentrix.com за да дознаете повеќе.
Комерцијален текст