Шон Мендес и Камила Кабејо снимија своја верзија на божиќната песна „The Christmas Song“. За музичкиот спот, парот спои повеќе домашни видеа.
Во видеозаписот, 22годишниот музичар и 23-годишната пејачка работат во студио, се релаксираат покрај камин, декорираат со празнични украси, разговараат со пријатели преку Zoom и си играат со нивните кучиња.