Шакира конечно го објави долгонајавуваниот албум „Las Mujeres Ya No Lloran“, а заедно со него и спотот за „Puntería“.
47-годишната пејачка за песната соработуваше со Карди Би, а за видеозаписот со актерот од серијата „Emily in Paris“ Лусиен Лависконт.
Во спотот мускулестиот актер е кентаур кој подоцна се преобразува во човек и се вљубуваат со атрактивната пејачка.
Пред објавувањето на албумот, Шакира сподели фотографии на кои позира со Лусиен.