Јелена Розга го објави спотот за песната „Lavica“, која веќе еден месец е хит на нејзиниот YouTube канал.
46-годишната хрватска пејачка заведува во модерни костуми додека ја пее заразната песна, чиј текст го напиша Вјекослава Хуљиќ, а музиката нејзиниот сопруг Тончи Хуљиќ.
„Кога ја снимав оваа песна го почувствував она нешто, знаев дека луѓето ќе ја почувствуваат моќта на ‘Лавица’. Велат дека лавот е најгордо животно и тоа ви го посакувам, да бидете горди на себе, на вашите успеси, на вашите падови, на вашите избори и на својот живот. Ви посакувам на сите да ја разбудите силата на лавот во вас, баш тогаш кога мислите дека ја немате и никогаш, ама баш никогаш никому да не дозволувате кон вас да се однесува како да сте бижутерија“ – напиша Розга.
Розга ќе настапи на 1 август во Gold Felicia во Битола.