Тамара Тодевска, Роберт Билбилов (Just RB) и Никифор се здружија за да направат римејк на „Зови ме Лена“.
Новата верзија на песната, која првпат ја изведе Лена Ковачевиќ, е дел од „African Queen“ на Роберт и Никифор, за кој Тодевска порачува: „Овој музички проект ќе нѐ потсети на едни поинакви клубски и радиски звуци, во духот на африканската музика и култура.“
Музиката на „Зови ме Лена“ е на Дарко Димитров, кој за текстот соработуваше со Владимир Даниловиќ, а за аранжманот нему му се придружија и Лазар Цветкоски и Билбилов.