The Weeknd објави весел, љубовен спот со морничав крај за „Out of Time“.
Во видеозаписот, популарниот музичар пее караоке и се забавува со јужнокорејската актерка Хојон Чанг, позната по хит-серијата „Squid Game“. На крајот, се губи ведриот тон и започнуваат морничави сцени во кои The Weeknd е во болница, под надзор на Џим Кери.
„Out of Time“ е дел од најновиот албум на The Weeknd, насловен „Dawn FM“.