Кралицата на поп музиката малку по малку го најавува своето враќање на музичката сцена. 53-годишната пејачка има нов музички подарок за нетрпеливите обожаватели – музички запис со наслов „Masterpiece“.
Песната е продуцирана од Вилијам Орбит, а ќе се слуша на крајот на новиот филм режиран од Мадона, „W.E.“. Филмот ќе биде прикажан во ограничен број кина во САД на 9 декември.
Се очекува „Masterpiece“ да се појави и на новиот музички албум на Мадона, кој ќе излезе наредната година.