„СКАрантин, сите сме во СКАрантин“ – пеат Суперхикс во својата нова песна снимена во домашна изолација.
Спотот вклучува и снимки од нивни фанови кои се забавуваат во домашна изолација.
„Спотот е изработен во домашно-карантински услови со помош на нашите фанови кои што ни испратија видеа како танцуваат и се забавуваат на нашиот нов сингл 'СКАрантин'. Многу сме горди и среќни што песната беше прифатена позитивно од нивна страна и ни покажаа уште еднаш дека вреди да твориме и во тешки и во убави времиња“ – изјавија членовите на Суперхикс.