Лара Иванова и Јосиф Ристовски го објавија спотот за нивниот прв дует „Сите светла“, кој за само неколку денови има илјадници прегледи и бројни позитивни коментари.
Автори на текстот и на музиката се Лара и Јосиф, за аранжманот се погрижи единствениот Дарко Димитров, а за видеозаписот Томислав Живковиќ.
„Сите светла“ се вперени кон Лара, затоа што во спотот се појавува во уникатно и впечатливо издание, а Јосиф одлично ја дополнува со својата улога.
„Песната излезе многу спонтано. Работевме во студио и после две-три демо снимки ја направивме ‘Сите светла’. Јас сум презадоволна од оваа соработка. Коментарите од публиката се позитивни и тоа многу ме радува. Јосиф е доста флексибилен за работа и многу е креативен, па затоа беше задоволство да се соработува со него. Секако не застанувам тука, работам на многу нови проекти, што значи дека во многу скоро време повторно може да очекувате нешто ново од мене“ – вели Лара.