Суперхикс и Фолтин се здружија за да ја освежат музичката сцена. Македонските бендови ја објавија новата песна „Сила и Нервоза", заедно со спотот.
Овој сингл е плод на едно долгогодишно музичко скопско-битолско пријателство и носи една локална, многу вистинита порака. Снимен е под продуцентска палка на Мите Димовски. Во снимањето на спотот и видеото учествуваа сите, вкупно на број 12 члена на овие бендови.
„Сила и Нервоза" е дел од истоимениот албум на Суперхикс кој конечно излезе по долго најавување.