Сара Мејс го претстави нежниот македонски мелос преку својата харфа на светскиот онлајн концерт по повод Светскиот Ден на харфата. Таа на настанот настапи со убавата мелодија насловена како „Donka of Macedonia“ која што беше избрана како дел од World Harp Day Specials. Концертот се одржа токму на денот на нејзиниот роденден.
Сара за оваа композиција вели дека за нејзиното создавање е заслужна македонската песна „Се посврши Сербез Донка“. Инспирирана од старата македонска песна, Сара компонираше дело кое што заслужува да биде културолошки претставник на Македонија во светот на уметноста. Главната цел на Светскиот ден на харфата беше токму тоа, да се создаде плодна почва за културен дијалог помеѓу земјите, а харфата да претставува потсетник на мирот и единството на сите земји.
Сара Мејс изработи и едиторијал наречен White Sands посветен на „Donka of Macedonia“. Едиторијалот во целост ја претставува Сара во својата слобода на творење заедно со харфата која што е парчето кое што нејзе ја дополнува за да биде целосна во своето изразување и постоење како уметник.
Слушнете ја „Donka of Macedonia“: