Дац и Александар освојуваат срца со новата женска верзија на „Уште ми фалиш“.
На Денот на ослободувањето на Скопје, 13 ноември, македонското музичко дуо го објави спотот во кој учествуваат повеќе од 30 наши дами.
„Посветено на сите жени“ – пишуваат тие во описот на видеозаписот.
Музиката на „Уште ми фалиш“ е дело на Александар Митевски, а текстот тој го пишуваше заедно со Драган Спасов. Придружни вокали се Маја Гроздановска Панчева и Вера Јанковиќ.
Дац и Александар им се заблагодарија на сите кои учествуваа во снимањето на спотот. Тие напишаа:
„БЛАГОДАРНОСТ ДО СИТЕ УЧЕСНИЧКИ ВО ОВА ВИДЕО: Зорица Каракутовска, Катерина Коцевска, Лејла Сабит, Вера Јанковиќ, Живкица Каленикова, Љубица Сека Георгиевска - Исмаил, Ангелка Пеева Лауренчиќ, Вера Мештеровиќ, Викторија Волак, Рисима Рисимкин, Виолета Томовска, Бедија Беговска, Дани Димитровска, Росана Сариќ Тодоровска, Јелена Жугиќ, Александра Мијалкова, Берта Додевска, Индира Кастратовиќ, Катарина Илиевска Силјановска, Татјана Алексиќ, Маја Мојсова - Мијовска, Билјана Ѓошева, Билјана Драгичевиќ Пројковска, Ана Бунтеска, Маја Гроздановска Панчева, Марјана Станојковска, Бисера Чадловска, Јасмина Кантарџиева Димков, Габриела Копачева, Дикси – женка германски овчар, Гордана Нацева и Маја Стојчевска Чапова“.
Потсетете се и на машката верзија на спотот: