Тамара Стојковска има нова разиграна песна идеална за летните денови. Талентираната пејачка од Битола ќе ве размрда со „Подобро заслужувам“, за која сними и спот.
„Како и секоја, и оваа песна е резултат на чувства и емоции што нè ‘мачат’ секојдневно. Искрено нема некоја филозофија и е прилично едноставно - мислам дека имав некој таков период на емоционално созревање, па темата за песната се наметна сама.“
„Би рекла дека ‘Подобро заслужувам’ е за себеприфаќање и стекнување самодоверба во било која улога во животот (не само романтична) - Знам што сакам и не прифаќам ништо помалку од тоа“ – изјави Тамара.
„Искрено откако ја направивме песната мислам дека и мене ми стана 'химна' секој пат кога ќе почнам да се сомневам во себе. Се надевам дека ќе го има истото влијание и кон публиката и дека ќе ја имаат на ум како потсетник да се сакаат и почитуваат себе си“ - дополни таа.
За текстот, музиката и аранжманот на „Подобро заслужувам“ се погрижи Коста Хаџикојчев.