Игор Џамбазов и Гуру Харе снимија ново заедничко музичко дело.
Македонските музичари, кои соработуваат долги 30 години, ја објавија песната „Пеј!“ посветена на нашата татковина.
Видеозаписот е снимен во Луна Парк Силвер.
Џамбазов и Гуру Харе ја одбележаа нивната тридецениска соработка со албумот „Првите триесет“, кој следно ќе го промовираат со концерт во Македонската филхармонија.
