Виктор Апостоловски напиша специјална песна за саканата Милена.
Младиот пејач од Битола и неговата избраничка го играа првиот свадбен танц токму на оваа песна, која се вика „Омилена“. Тие се венчаа минатиот месец.
Видеозаписот се состои од снимки од нивната свадба и медениот месец на грчкиот остров Лефкада.
„Омилена, за мојата омилена“ - напиша Виктор во описот за песната на Instagram.
Слушнете ја песната „Омилена“ и погледнете го спотот:
