Оливија Родриго избива на врвот на музичките листи со дебитантскиот сингл „Drivers License“. 17-годишната Дизни ѕвезда го објави спотот за емотивната песна и веднаш наиде на позитивни реакции.
Rolling Stone ја опиша „Drivers License“ како „песна која треба да ја знаете“ и прогнозира дека ќе биде една од најпопуларните годинава.
Родриго е позната по улогите во „Bizaardvark“ и „High School Musical: The Musical: The Series“.