Дани ќе разбуди носталгија кај скопјани. Македонската пејачка го објави спотот за „Нема две“, а видеото ја прикажува магијата на градот во минатото.
За музичкиот спот се користени сцени од првиот колор филм за Скопје, „Градот На Вардар”, снимен во 1962 година во режија на големиот македонски филмски уметник Бранко Гапо.
„За што пеам? - За едни подзаборавени суштински вредности. За љубовта, за луѓето, за градот, за срцето. За нас. За еднина. За целина. – Скопјево, ова моево, љубов ми е. Прва“ - вели Дани.
Песната е дело на Весна Малинова Бабамова (музика и текст) и Кирил Бабамов (аранжман и продуцент), а е снимена во XL Студио/Дејан Момировски.