Бура од емоции ќе предизвика во вас новиот спот на Луис Капалди.
26-годишниот музичар со емотивно видео ја претстави песната „Wish You The Best“. Во него се прикажани поштарот Џон (Дејвид Бредли) и неговото куче Вилоу кои негуваат силна поврзаност. За жал, Џон умира, а Вилоу (Вини) верно останува покрај неговиот гроб и тажи.
Млад поштар (Том Луис) ќе го забележи тажното куче и ќе го земе кај себе, но ќе се погрижи споменот за неговиот покоен сопственик да не згасне.
Видеозаписот за „Wish You The Best“ несомнено ќе ви ги насолзи очите.