Фановите на Луис Капалди му ја покажаа нивната љубов и поддршка за време на концертот во Франкфурт, Германија.
Додека настапуваше на сцената, 26-годишниот пејач искуси симптоми на Туретов синдром од кој страда. Тиковите го спречија Луис да ја доврши „Someone You Loved“, па присутните обожаватели го направија тоа наместо него.
Видеото од случката го обиколи светот и стана вирален хит на TikTok.
„Те поддржуваме Луис Капалди“ – напиша обожавателката која го сподели видеото.
Туретов синдром е пореметување на нервниот систем кое предизвикува неконтролирани тикови. Симптомите најчесто се појавуваат на возраст од 5 до 10 години и најчесто се намалуваат или исчезнуваат со растењето.
Капалди јавно ја откри дијагнозата минатиот септември. Тој сподели дека има нагли движења со рамото поради неговата состојба.
„Најлошото е што го добивам кога сум возбуден, кога сум под стрес, кога сум среќен. Се случува постојано. Изгледа полошо отколку што е...“ – рекол тој.