По големиот успех во филмската индустрија, Кејт Хадсон влегува во музичките води. Славната актерка ја објави својата прва песна „Talk About Love“.
44-годишната холивудска ѕвезда ја напиша песната во соработка со својот вереник Дени Фуџикава и Линда Пери. „Имаш само еден прв сингл во животот. Сакав да биде нешто вкусно и секси и сите нешта во коишто верувам“ – изјавила Хадсон.
Видео:
„Откако почнав да живеам сама, секогаш правев простор за моето пијано. Пишувам песни од дете. Но, знаете, сè се сведува на моментот и способноста да сте сигурни дека можете да бидете тука за музиката. И тоа ми беше навистина важно. Да се дојде до тоа навистина автентично место и да му се даде фокус. За мене, конечно дојде тоа време“ – вели Хадсон.
На TikTok, Кејт објави видео во кое со ќеркичката ја пеат песната песна „Talk About Love“.
@thekatehudson #greenscreen ♬ Talk About Love - Kate Hudson
На почетокот од годинава, Кејт го одржа и својот прв настап во хотел во Аспен. Таа најави дека ќе го издаде својот прв албум во 2024 година.
@thekatehudson A little lady rendition of White Horse @Chris Stapleton #lovethissong ♬ original sound - Kate Hudson