Џенифер Лопез покажува дека не постојат граници. 49-годишната пејачка го објави спотот за песната „Limitless“, со која им пренесува на жените моќна порака за упорноста и рушењето на бариерите во животот.
Во видеото се појавува и нејзината мини-копија - ќеркичката Еми.
Лопез ја сними „Limitless“ за својот нов филм „Second Act“, а ова е првпат таа да ја преземе и улогата на режисерка.