Познатите македонски песни „Една песна“, „Мајка на Марика“, „Дојди ми Лено“, „Чудна жена“ и „Бисера“, ги препеаја членовите на групата Мерак со вистински мерак за сечие уво.
„На нашата публика сакавме да и подариме стари македонски песни кои се вистински хитови. Како група ги препеавме и им дадовме еден нов модерен звук преку нашите вокали и инструменти. Како група во следниот период ќе работиме на создавање на уште две преработки кои наскоро ќе ги промовираме, до тогаш уживајте во видео записите на старите македонски песни“ - вели Марио Стојановски од Група Мерак.
Мајка на Марика
Дојди ми Лено
Чудна жена
Една песна
Бисера
Шестчлената група Мерак е составена од хармоника Марио Стојановски, дувачки инструменти Стефан Стојановски, клавијатури вокал диџеј, Бланка Тони, клавијатури вокал, Даниел Максимов и виолина, Димитар Михајловски и тапани Игор Николовски. Сите членови на групата се професионални музичари, имаат долгогодишно музичко искуство и настапи низ државава.