Во многу музички видеа жените се третирани како сексуални објекти, па Џенифер Лопез одлучи да направи спот во кој таа „улога“ ќе им припадне на мажи.
Видеозаписот за „I Luh Ya Papi“ со Френч Монтана беше снимен во Мајами минатиот месец, а е режиран од Џеси Тереро. Во него Џеј Ло и две нејзини пријателки се забавуваат покрај разголени момци.
„I Luh Ya Papi“ е прв сингл од новиот албум на Џенифер кој ќе биде објавен годинава.
Стилот на 44-годишната ѕвезда во видеото особено привлече внимание, бидејќи „копира“ нејзини аутфити од минатото, како облеката во спотот „I’m Real“ и прочуениот фустан Версаче кој таа го носеше на Греми во 2000 година.