Откако постигна огромен успех со „Easy On Me“, Адел објави нов спот за песна од албумот „30“.
Музичката ѕвезда го сподели видеозаписот за „Oh My God“ за кој повторно соработуваше со Сем Браун, режисерот на спотот за хитот „Rolling In The Deep“.
Во видеото, Адел пее во раскошни креации од Харис Рид, Луј Витон и Вивиен Вествуд сред артистичен хаос.