Тамара Тодевска и Young Dadi ги израдуваа своите фанови со заедничка музика.
Македонските музичари ја објавија песната „Его“, заедно со спотот за истата.
Текстот го напиша самиот Дади, а за музиката и аранжманот тие соработуваа со Роберт Билбилов.
Погледнете го видеозаписот и слушнете ја песната:
„Среќна сум што навистина после повеќе години објавувам песна, која е дует – соработка со друг артист. Дади е дел од помладата музичка сцена. Го следам подолго време, ми се допаѓа неговата работа и секогаш сакам да дадам поддршка на наши домашни млади артисти.“
„Снимањето на спотот го завршивме за еден ден. Снимавме целодневно и навистина уживав во креирањето на целиот проект“ - вели Тамара за создавањето на „Его“.
Дади истакна дека секогаш пишува за моменти во кои учествувал. Преку зборовите сака да пренесе свои лични искуства и тоа е причина повеќе за да верува во песната.
„Ова е прва моја соработка со музичар како Тамара Тодевска, која е една од нашите најдобри и најпродуктивни пејачки – активна десетици години на македонската и регионалната музичка сцена. Можам да кажам дека е навистина убаво и поинакво искуство за мене. Како во процесот на снимање на песната во студио, така и во продукцијата на самиот спот. Верувам дека песната ќе биде хит и ќе го одбележи овој период пред летото“ - изјави Дади.