Драган Величковски – Тајзи има нова музика. Македонскиот музичар ја објави песната „Сине“, како и спотот за истата.
„10 години создавам авторска музика и ова е мојот 21-ви видеозапис. Секој со своја приказна, искрена емоција и реална слика на нашето општество. Мојата револуција е без оружје и омраза... Сонце. Будење на свеста и борба за вистински морални вредности. Во борбава вложив многу труд, енергија, време и љубов. Вистината е секогаш најдобриот избор иако знае да боли“ – напиша тој на Facebook.
Текстот е дело на самиот Тајзи, а за музиката и аранжманост соработуваше со Лазар Цветковски.