Кети Пери го објави видеозаписот за баладата „Unconditionally“. Спотот е инспириран од филмовите „Dangerous Liaison“ и „Anna Karenina“, но не раскажува одредена приказна.
Според 29-годишната пејачка, видеото ја прикажува моќта на безусловната љубов. „Да, безусловната љубов понекогаш прави да се чувствуваш како да си удрен од автомобил... или како да гориш“ – напиша Пери на Twitter, коментирајќи го спотот.
„Unconditionally“ е дел од најновиот албум на Кети Пери, „Prism“.