Кети Пери се прилагодува на животот во џунгла по авионска несреќа во спотот за нејзиниот сингл „Roar“.
28-годишната пејачка се спријателува со животните и изигрува женска верзија на Тарзан. За неполни 24 часа видеозаписот за „Roar“ достигна над 2,5 милиони прегледувања на YouTube.
Хитот „Roar“, кој е водечки сингл од новиот албум на Пери, „Prism“, вчера застана на врвот на музичката листа Billboard 100, туркајќи го летниот хит „Blurred Lines“.