Елена Ристеска и Хари Мата Хари се здружија за дует. Славните музичари го објавија спотот за песната „Још ме плашиш“, кој се снимаше во Скопје и Белград.
Во видеозаписот, убавата македонска пејачка заведува во црн фустан со висок шлиц и црвен кармин.
Самиот Хари се погрижи за музиката на песната, додека текстот е дело на Алма Абдагиќ, Ален Лемешевиќ и Фахрудин Пецикоза. За аранжманот заслужен е Дарко Димитров.