Димитар Андоновски и Александар Тарабунов снимија заедничка песна. Македонските пејачи, кои соработуваат веќе неколку години, сега ќе ја освојуваат публиката со песната „Ќе преживеам“.
Слушнете ја песната и погледнете го спотот кој се снимаше минатиот месец:
И за текстот и за музиката се погрижија самите пејачи.
„Песната се создаде спонтано додека лежев на плажа. Добив идеја за еден дел, потоа седнавме со Диме и буквално во еден ден идејата се претвори во музика и текст. Велат, кога нешто што ќе го направиш ти се допаѓа значи дека е добро, е нам песнава ни се допаѓа“ - рече Тара на денешната промоција во кафулето Интермецо.
„Мора да се работи и мора да се избориме за македонската музика. Мораме и да вложуваме и повеќе да ја цениме, затоа што тоа сме ние“ - велат музичките ѕвезди.