Димитар Андоновски го објави видеозаписот за песната „Бура“ со која се претстави на Макфест.
Целосното создавање на песната е дело на самиот Димитар. „Оваа песна е одраз на внатрешните битки кои сите ги доживуваме. 'Бура' ја доловува силата на емоциите и внатрешните турбуленции кои сите ги чувствуваме во одредени моменти“ - вели Димитар.
Спотот е реализиран со поддршка на продукциската куќа 77 Ентертејнмент, во режија на Владислав Гавриловски, со модерен визуелен пристап и впечатлива естетика. Моделот Матеја Христовска внесе суптилна емоционалност во приказната, додека стајлингот на Андреј Папаз ја истакна уникатноста на проектот.
Погледнете го тука: