The Weeknd во објави спотот за хитот „Die For You“. Видеозаписот е инспириран од филмот „E.T.“ и серијата „Stranger Things“.
Во него, прикажано е момче (млада верзија на The Weeknd), кое се крие во градината на едно семејство, за потоа да биде пронајдено од девојчето кое живее во куќата.
Откако двајцата ќе се поврзат, се открива дека момчето има телекинетички моќи и дека е во бегство од владини службеници. Тие подоцна ја откриваат неговата локација, што завршува со драматично соочување.