Откако направи бум со летниот хит „Get Lucky“, „роботското“ дуо Daft Punk продолжува да освојува на музичката сцена со забавниот сингл „Lose Yourself to Dance“.
Во диско спотот за новата песна, покрај француското дуо се појавуваат и Фарел Вилијамс и Нил Роџерс, а сите се облечени во светкави сакоа во стилот на 70-тите години.
„Lose Yourself to Dance“ е дел од најновиот албум на Daft Punk, „Random Access Memories“.