Мадона вети и приреди голем спектакл на полувремето на Супер Боул натпреварот.
Мадона се појави пред многубројната публика качена на трон, кој беше донесен од римски војници.
Речиси 13 минути таа танцуваше на сцената додека исполнуваше хитови како „Vogue“, „Music“ и „Like a Prayer“. На грандиозната сцена заедно со Мадона се појавија и Си Ло Грин, LMFAO, М.I.A. и Ники Минаж.
За време на изведбата на новиот хит на Мадона „Give Me All Your Luvin“, M.I.A. им го покажа средниот прст на камерите и им даде повод на критичарите да си ги отворат устите. Но, воглавно реакциите за настапот на Мадона се позитивни. Погледнете зошто.