Девојката која го сними најисмејуваниот спот за уште поисмејуваната песна „Friday“ (Петок) го објави својот втор сингл и спот.
Ребека Блек се врати на интернет со песна во која им се обраќа на хејтерите и се радува на стекнатата слава.
„Weren’t you the one who said that I would be nothing? Well, I’m about to prove you wrong“ – пее 14-годишната Ребека во песната „My moment“. „Haters, said I'll see you later. Can't talk to you right now, I'm getting my paper“ – продолжува таа.
За жал на многумина, текстот на песната не е смешен како што тоа беше случај со „Friday“, ниту пак видеото е толку непрофесионално и комично.
Но, тоа очигледно не е пречка и овој спот да стане хит. Видеото на YouTube веќе има над 640 илјади прегледувања и над 70 илјади коментари. Над 83 000 луѓе го притиснале копчето „Dislike“, а 51 000 копчето „Like“.
Претходниот спот на Ребека за песната „Friday“ стана вирален хит и имаше над 167 милиони прегледувања на YouTube.