Јелена Розга го објави спотот за „Moje proljece“. 41-годишната хрватска пејачка својата нова песна им ја посвети на сите жени кои почувствувале љубов, болка, среќа и тага.
„Оваа песна ви ја посветувам вам... сите жени кои имате доживеано љубов, болка, среќа и тага. Вам, кои сте осетиле што животот може да донесе“ – стои во нејзиниот пост на Instagram.
Текстот и музиката се дело на Емина Јаховиќ, аранжманот е на Дарко Димитров, а како придружен вокал се јавува Антонија Гиговска.