По долго боледување, почина македонскиот музичар Драган Каранфиловски-Бојс.
Тажната вест ја објави неговата ќерка, Верица Каранфиловска, која на Facebook сподели негов настап со „Опасно сум вљубен во тебе“ со пораката: „Саканите луѓе не умираат, тие живеат во нас. Почивај во мир голем човеку, душа наша!“
Талентираниот гитарист, пејач и композитор ја започна својата кариера во 1973 година со групата „Македонија“, но најголемите успеси ги постигна со „Мадригали“. Зад себе остави многу хитови меѓу кои „Валерија“, „Опасно сум вљубен во тебе“, „Лулај ме нежно“ и „Весела романтика“, а неговиот потпис стои на многу детски хитови како „Наташа од трето три“, „Ало амбуланта“ и „Марија на Бундеви“.
Минатата година тој ја прими наградата за трајни вредности на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“.
Потсетете се на неколку од неговите најголеми хитови: