Обожавателите на поп музиката имаат можност да уживаат во 10-минутен микс со најпопуларните песни за 2017.
„Perfect Struggle“ е „мешап“ создаден од студент од Тајван и е комбинација од 118 хитови, меѓу кои и „Perfect“ на Ед Ширан, „Despacito“ на Луис Фонси и Деди Јенки, „No Lie“ на Дуа Липа и Шон Пол и „Look What You Made Me Do“ на Тејлор Свифт.