Обожавателите на поп музиката на крајот на секоја година со нетрпение го очекуваат поп-миксот на DJ Earworm.
Најновиот поп „мешап“ на диџејот од Сан Франциско ги спојува 25-те најпопуларни песни во САД за 2012 година. Миксот „Shine Brighter“ вклучува делови од хитови како „Somebody That I Used to Know“, „Gangnam Style“, „Call Me Maybe“, „Die Young“, „We Are Young“ и „Locked Out of Heaven“.
Погледнете го видеото со кое ќе се потсетите на сите хитови за годината која изминува.