Лејди Гага повторно го оживеа Џо Калдероне. Пет месеца по објавувањето на првото модно видео, Лејди Гага го објави четвртиот моден спот за песната „You and I“, во којшто главната улога ја има нејзиното машко алтер его, Џо Калдероне.
25-годишната пејачка со црна кратка перика и со цигара во раката покажува мажествени движења и се соблекува по гаќи. Во еден момент таа ја подига и маицата за да покаже дека градите ѝ се залепени за да може поубедливо да влезе во улогата на маж.
Во спотот Лејди Гага се појавува и со долга перика и костим од кожени ремени.