Лана Дел Реј го објави видеозаписот за баладата „Burning Desire“. Спотот е соработка меѓу 26-годишната пејачка и луксузниот бренд за автомобили Jaguar.
Во видеото, Лана пее во празна просторија, додека во позадина се прикажани снимки од новиот спортски автомобил на компанијата.
„Burning Desire“ е дел од второто издание на музичкиот албум на Лана, „Born to Die: The Paradise Edition“.