Калиопи го објави видеозаписот за песната „Дај, дај ми дај“, која е дел од нејзиниот овогодишен албум.
Со песната и спотот, таа сака на сите луѓе да им ги честита претстојните новогодишни и божиќни празници.
„Среќна сум и благодарна што имав ваква година. И токму затоа сакав на некаков начин да им се заблагодарам на сите оние што придонесоа за оваа среќа, а истовремено да пратам порака до луѓето - никогаш да не престанат да веруваат во себе, во добрите нешта и во нивното споделување.“
„Песната ‘Дај, дај ми дај’ нека биде потсетник за сите нас - секогаш да веруваме во себе и во она што го сакаме“ – вели Калиопи.
За песната, Калиопи соработуваше со својот поранешен сопруг Ромео Грил, со кого се во одлични односи.
