Енрике Иглесијас и Дев направија видеозапис за својот дует „Naked“. Во спотот двајцата пејачи се во Лас Вегас и неколкупати се среќаваат, разменувајќи си тајни насмевки.
„Песната е многу позрела. Се движи напред-назад помеѓу маж и жена, а Енрике ја зачини и додаде латино вибрации во неа“ – изјавила Дев.
„Naked“ е дел од новиот студиски албум на Дев, „The Night the Sun Came Up“.