Дарио Панковски ги израдува обожавателите со нова песна за незаборавна љубов. 60-годишниот пејач ја објави „Молитва“ и спотот за истата.
Видеото следи заљубен млад пар, кој се разделува поради преселба, а потоа се прикажани тагата и носталгијата на мажот, кој не се откажува од идејата дека еден ден ќе му се врати саканата.
Музиката и текстот се на самиот Дарио, а за аранжманот беше задолжен Кристијан Габроски.