Браќата Тавитјан и Раде Шербеџија допираат до срцето со преработка на македонската песна „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“.
„Почитувани, задоволство ни е да ја споделиме со вас новата песна и видео запис на кој ни гостува легендарниот актер и вокал Г-дин Раде Шербеџија. Зад него се многубројни филмски остварувања меѓу кои и светските хитови: Mission Impossible (Tom Cruise), Taken, Batman, Snatch, The Saint, Harry Potter, Пред дождот, CSI Miami, The Promise како и неговите соло музички остварувања и соработки со врвни Балкански музичари, а и со неговиот фантастичен состав "западни колодвор" низ целиот свет.“
„Шербеџија од неодамна е и член на најпрестижната филмска академија - Оскар. Тој е уметничка големина со светско реноме и е човек кој целиот живот се залага за единство помеѓу народите, надминување на разликите и нивна комуникација преку културата. За оваа прилика уште еднаш се потрудивме да дадеме заеднички музички придонес во чест на нашата земја, нашиот јазик и култура во една модерна акустична верзија. Посебна благодарност до Г-дин Амир Бахтијаревиќ (BABA production) како и до Александар Ристовски (AleXander) кој го изработи видеото. Благодарност до Александар Икономов за контрабас делницата. Благодарни на оваа чест, се надеваме дека и вие ќе уживате“ - пишува во пораката на Гаро на Facebook.