Адам Ламберт ја покажува и својата добра, и својата лоша страна во спотот за песната „Better Than I Know Myself“. Видеото е режирано од Реј Кеј, а во него Ламберт глуми и лошо момче со бунтовнички дух, и добро смирено момче.
„Тоа е песна со која секој што бил или е во врска може да се поврзе“ – изјавил Адам.
„Better Than I Know Myself“ е дел од вториот музички албум на Ламберт, „Trespassing“, кој ќе биде пуштен во продажба во САД во текот на наредниот месец.