К-15 направија преработка на нивниот стар хит „Новогодишна општонародна“ за да ни ги честитаат празниците на сите.
Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Бубо Каров ја објавија песната, наречена „Новогодишна поопштонародна“, а на социјалните мрежи напишаа:
„Другари и другарки, Ви посакуваме среќни празници, многу здравје и љубов, со надеж дека животите ќе ни станат подосадни, а нашите скечеви веќе нема да се толку реални... Благодарност за целата поддршка и љубов низ сите невремиња“.
Аранжманот е дело на Александар Митевски, а спотот е во режија на Жарко Димитриоски.