„Во срцето млад засекогаш“ – запеа Дарио на макфестовската сцена во Штип.
Македонскиот пејач по 26 години се врати на познатиот Фестивал со динамичната „Засекогаш млад“.
На свечениот тепих пред манифестацијата, 61-годишниот музички уметник гордо зачекори со неговата ќерка Андреа.
Дарио последен пат настапи на „Макфест“ во 1998 година со „Камен на срце“.













Првото издание на Макфест во 1986 година започна со песната „Старо купувам“ на неговата група Бон-Тон, а сега 38 години подоцна тој настапи на макфестовската сцена со „Засекогаш млад“.
Видео од настапот:
Фото: Ивона Кочов / Femina.mk